Тјунерите од InsidePerformance се позанимавале со BMW X6M, кој благодарение на нивните доработки сега нуди 700 коњски сили!
Секогаш сме позитивно настроени кон додавање сила на автомобилите, но малку сме збунети од името кое InsidePerformance му го дале на BMW X6M – Stealth, односно прикриен или невидлив. Со новата комбинација на бои, големиот SUV изгледа секако освен прикриено.
Но сепак, 700 коњски сили и 850 Nm вртежен момент се повеќе од интересни бројки, а X6M изгледа поагресивно благодарение на бодикитот кој ја проширува каросеријата за цели 101 милиметри – а и досега X6M беше повеќе од доволно широк. Интересните бои се добиени благодарение на фолијата со која е завиткан автомобилот, а дополнителните перформанси се резултат на оптимизации на моторот и контролната единица, но и спортскиот катализатор.
Немаме информации за тоа како дополнителните коњски сили влијаат на перформансите, но сигурни сме дека тие се повеќе од доволни.