Официјално: Renault Captur – Nissan Juke на Француски начин – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Renault Captur – Nissan Juke на Француски начин

Renault ја претстави сериската верзија на урбаниот кросовер Captur, кој ќе дебитира во Женева во Март пред да излезе на Европскиот пазар во крајот на пролет.

Новиот Captur е всушност Француска верзија на Nissan Juke, базиран е на четвртата генерација на Clio и се протега во должина од 4120mm, што го прави 15mm пократок од неговиот Јапонски близнак. Според Renault, Captur комбинира емотивен дизајн, позиција на кросовер, внатрешен простор на моноволумен со агилност и забавно возење на компактен хечбек.

Моделот нема ништо слично со три-вратниот концепт прикажан на минатогодишниот саем во Женева и изгледа како погруба верзија на новото Clio благодарение на зголеменото растојание од подлогата и поголемите тркала. Ќе бидат понудени повеќе опции за персонализација, како на пример двобојна каросерија со контрастна боја на кровот, и повеќе бои и материјали во ентериерот. Renault исто така ветува многу искористлив ентериер со повеќе опции за товарење и голем багажник.

Палетата на мотори ќе биде преземена од Clio, вклучувајќи ги 0.9-литарскиот три-цилиндарски турбополнет агрегат со 89 кс и 1.5-литарскиот турбодизел со идентична сила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.