Mugen Honda CR-V Design Study – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mugen Honda CR-V Design Study

Mugen, тјунинг партнерот на Honda, претстави дизајнерска студија направена на база на новиот CR-V на автомобилскиот саем во Токио оваа недела.

Како што е вообичаено до сега, за секој сериски модел на Honda тјунинг компанијата Mugen претставува пакет од естетски и перформансни подобрувања. Пакетот за разубавување од Mugen содржи цел асортиман од стилски компоненти – како нова предна решетка, преден и заден браник со штитници, странични прагови, додатоци на крилата, кровен спојлер и нов сет од двобојни 20-инчни фелни.

Во внатрешноста, Mugen го опремил кросоверот со кожа налик на карбон над новите спортски седишта и контролната табла, како и детали од јаглеродни влакна. Подобрувањето на перформансите се состои од спортски издувен систем, пониска суспензија со нови пружини и посилни сопирачки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.