Официјално: 2012 Renault Clio – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: 2012 Renault Clio

Renault ја откри четвртата генерација на Clio, пред нејзиното целосно претставување на Саемот во Париз во Септември.

Новото Clio доаѓа само во петвратна изведба а рачките на задните врати ќе бидат задскриени, со цел да изгледа како да е со три врати. Дизајнот е инспириран од Renault-овиот концепт Dezir со пирока предна маска која се влива во предните светла и заоблени површини. Овој модел е 3.5 cm подолг, 45 mm понизок и 24 mm поширок, но и 100 kg полесен од својот претходник.

Ентериерот изгледа многу поинтелегентно од порано и ќе доаѓа со голем избор на бои и опции. Во опциите ќе биде достапна и таблет апликација која овозможува да се избере помеѓу четири различни профили на звукот на моторот. Останатите опции вклучуваат камера за возење во обратна насока, влез без клуч и бас рефлекс систем, кој го засилува звукот на аудио системот.

Изборот на мотори засега се состои од два бензински и еден дизел агрегат. Основен е новиот TCe 90, односно 0.9-литарски три-цилиндарски бензински турбо агрегат, кој произведува 89 кс и 136 Nm вртежен момент со просечна потрошувачка од 4.3 литри на 100 километри. Посилниот бензински агрегат TCe 120 е со зафатнина од 1,200 кубни сантиметри, четири цилиндри и турбополнач, а испорачува 118 кс и 190 Nm вртежен момент.

Како последен од гамата е dCi 90 кој претставува 1.5-литарски четири-цилиндричен турбодизел со 89 кс, 220 Nm и потрошувачка од 3.2 литри на 100 км. За TCe 120 и dCi 90 ќе биде во опција шест-степен EDC менувач со дупла спојка, додека сите мотори ќе ја добијат старт/стоп функцијата.

Поврзано:  Renault Rafale пристигна во Македонија!

Верзијата RS ќе користи 1.6-литарски мотор со турбополнач, кој испорачува околу 200 кс, исто така во опција со менувач со дупла спојка. Досегашниот Renaultsport Clio 200 беше меѓу најдобрите спортски компакти од неговото појавување на пазарот, па неговиот наследник ќе има тешка задача да го повтори тоа.

Новиот Renaul Clio ќе започне со продажба во овој Октомври, додека верзијата RS ќе следи на Пролет во 2013, кога ќе треба да им се спротивстави на Peugeot 208 GTI и новата Ford Fiesta ST. Основниот модел доаѓа опремен со 16-инчни алуминиумски бандажи и неговата цена се очеува да биде слична на неговиот најголем конкурент Peugeot 208.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.