BMW нема да учествува на автомобилскиот саем во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW нема да учествува на автомобилскиот саем во Париз

Според официјалното соопштение од компанијата, откажувањето на учеството се должи на промената на приоритетите.

Извештаите укажуваат дека овој потег е дел од пошироката програма за кратење на трошоците под водство на новиот извршен директор, Милан Недељковиќ, со цел да се заштедат финансии.

Одлуката доаѓа непосредно по намалувањето на финансиските предвидувања за 2026 година, предизвикано од забавувањето на побарувачката и засилената конкуренција. Дополнително, геополитичките тензии на Блискиот Исток и притисокот врз профитабилноста ја принудија компанијата да ги забрза мерките за намалување на оперативните трошоци.

БМВ сè повеќе се ориентира кон организирање сопствени, приватни настани и наменски презентации за своите нови модели, наместо потпирање на традиционалните саеми.

Од BMW нагласуваат дека ова не значи целосно напуштање на автомобилските изложби, туку дека во иднина ќе задржат „селективно присуство“ само на настани што директно кореспондираат со нивнитe краткорочни и долгорочни стратегии.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!