Euroimpex со уште една нова локација! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Euroimpex со уште една нова локација!

Импортерот на Peugeot за Македонија – Еуроимпекс – сега може да се пофали со уште една локација каде може да ги пречека своите клиенти!

Викендов беше промовирана новата локација, а минувачите и посетителите можеа да уживаат во автомобилите на Peugeot и да пробаат некое од возилата. Новиот салон се наоѓа на Ул. Скупи ББ, каде се наоѓаат и многу други импортери на возила. Интересот на посетителите го привлекоа сите модели на Peugeot, особено новиот 208 кој веќе е достапен на нашиот пазар. Секако, и спортскиот RCZ беше таму како модел најинтересен за вљубениците во автомобилите.

Им посакуваме многу среќа во работата на новата локација!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.