full screen background image
Search

McLaren 12C Spider – Адреналин под отворено небо!

McLaren MP4-12C ја доби својата изведба со подвижен кров, која покрај малку скратеното име, нуди многу повеќе простор за главата, но и истите вртоглави перформанси!

Отворената верзија на MP4-12C беше повеќе од очекувана – уште од самиот почеток знаевме дека автомобилот всушност беше дизајниран без кров. Тоа има и свои предности – како на пример податокот дека не биле потребни зајакнувања на шасијата заради „отсекувањето“ на кровот – а со тоа е намалена додатната тежина која доаѓа со секој кабриолет. Кабриолетот тежи само 40 килограми повеќе од својот постар брат!

Но покрај зголемената тежина, перформансите на автомобилот се сеуште импресивни. 12C Spider забрзува до 100 километри на час за истите 3.1 секунда, а максималната брзина изнесува 329 километри на час, додека кај купето таа е 333 километри на час. И моторот е истиот – 3.8-литарскиот V8 со два турбо-полначи кој испорачува 625 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Она што е интересно е дека кровот се спушта или подига за само 17 секунди, и може да го направи тоа при брзини до 30 километри на час. Првите испораки се очекуваат кон крајот на оваа година, а цената ќе биде 195.000 фунти во Велика Британија.

Бојата која што ја гледаме на сликите се нарекува Volcano Red, и е една од 17-те бои кои ќе бидат достапни. Новина е и Vehicle Lift системот кој ќе го подигне возилото неколку сантиметри за да може полесно да помине преку нерамнини и лежечки полицајци. Предниот дел ќе се подига 40 милиметри а задниот 25 милиметри, и ќе може возилото да се вози подигнато до 60 километри на час.

Поврзано:   Novitec го засили McLaren 765 LT на 843 коњски сили!

Доколку сакате да потрошите неколку минути, можете да си поиграте со конфигураторот кој е достапен за MP4-12C и 12C Spider, и да си замислите како би можел вашиот McLaren да изгледа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.