Премиера: Dacia Dokker – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Dacia Dokker – Мега Галерија

Dacia претстави нови детали околу нејзиниот нов модел Dokker, по неговото прикажување на почетокот од годинава.

После официјалното претставување на Dacia Lodgy на минатогодишниот Саем во Женева, Романскиот производител продолжува да работи на нови модели, во овој случај Dacia Dokker и Dacia Dokker Van. Според автомобилскиот производител, и двата Dokker-и добиваат дизајн инспириран од Lodgy со двојна задна врата, предни светла вовлечени наназад и истакната предна маска. Dacia Dokker е долг 4.36 метри, широк 1,75 метри и висок 1.81 метри.

Кабината на двете верзии на Dacia Dokker е едноставна и располага со двобојна контролна табла, додека повисоко опремените верзии добиваат хромирани детали и мултимедијален систем со навигација. Багажниот простор има товарен капацитет до 3,300 литри.

Достапни се четири различни агрегати за двете изведби на Dacia Dokker. Тука спаѓаат дизелите: dci 75 кој произведува 75 кс и 180 Nm, dci 90 логично со 90 кс и 200 Nm, како и бензинските мотори: 1.6 MPI кој испорачува 81 кс и 134 Nm, и новиот 1.2 TCE со 113 кс и 190 Nm вртежен момент.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.