Volkswagen Polo BlueGT – компромис помеѓу динамика и економија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Polo BlueGT – компромис помеѓу динамика и економија

Volkswagen објави нови детали за Polo BlueGT, пред неговото дебитирање кон крајот на годинава.

Дизајнирано да ги комбинира динамиката и економијата, моделот користи 1.4-литарски бензински TSI мотор кој произведува 140 кс и 250 Nm вртежен момент. Тој му овозможува на автомобилот забрзување од 0-100 км/ч за 7.9 секунди и максимална брзина од 210 км/ч.

Благодарејќи на ACT технологијата и старт/стоп системот, овој модел забележува просечна потрошувачка од само 4.6 литри на 100 километри. Доколку е усогласен со седум-степена DSG трансмисија, оваа бројка се намалува на 4.5 л/100 км.

Поточно, Volkswagen вели дека ACT технологијата претставува привремено деактивирање на вториот и третиот цилиндар при ниски вртежи. Ова му помага на моделот да ја намали неговата потрошувачка на гориво за околу 0.4 л/100 км.

Покрај технологијата за економија, BlueGT е опремен со нови браници, аеродинамични странични прагови, намалена висина на возење и мултифункционален дисплеј кој покажува кога ACT системот е во функција.

Polo BlueGT ќе излезе на пазарот во последната четвртина од годинава со цена од околу 19,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.