Peugeot 208 претставен пред Македонската публика! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 претставен пред Македонската публика!

Еуроимпекс, импортерот за Peugeot за Македонија подготви интересен настан за да го промовира новиот 208 пред Македонската публика. Прекрасниот амбиент ни дозволи во поинтересно светло да го откриеме 208!

Презентирањето на 208 започна уште пред неколку недели, кога Скопјани ја имаа шансата да учествуваат во една од најинтересните маркетинг настани кои сме ги виделе во Македонија. Од интересната презентација во центарот на Скопје произлезе едно навистина одлично видео за кое веќе пишувавме. Делови од тој настан беа пренесени и на официјалната презентација, која го задржа вниманието на сите присутни.

Но и луѓето од Еуроимпекс не го криеjа задоволството и ентузијазмот за новиот модел. Горди на историјата која ја има Peugeot во Македонија тие со задоволство зборуваа за 208 и неговите карактеристики, но и технологијата и емоциите кои се искористени при неговото развивање. Одличната атмосфера, фантастичните движења на танчерите и расположената публика подготвија одлична сцена за претставувањето на автомобилите кои блеснаа со својот сјај!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.