Откриен дизајнот на Jaguar F-Type Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Откриен дизајнот на Jaguar F-Type Coupe

Се појавија првите фотографии од сериската купе верзија на Jaguar F-type, благодарение на протечен документ за патентирање на дизајнот.

Неговата форма е воглавно преземена од C-X16 концептот прикажан во 2011. Силно закосениот заден прозорец буди сеќавање на E-Type и уште повеќе ги нагласува неговите широки колкови, давајќи му на моделот помускулест став од стандардниот F-Type. Од А-столбот нанапред, останува идентичен со кабриолетот.

Четирите издувни цевки наговестуваат дека овие фотографии се од најсилниот V8 S модел со 488 кс. Палетата на мотори би требало да ги сочинува истите агрегати од роудстерот, така што ќе бидат на располагање V6 со 335 кс и V6 S со 375 кс. Автомобилот најверојатно ќе биде усогласен со истата осум-степена автоматска трансмисија, а понатаму ќе биде понуден и рачен менувач.

F-Type купе се очекува да пристигне во претставништвата наредната година, додека неговото јавно претставување може да се очекува подоцна оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.