Во неделата се одржа првата трка од CARclub Grand Prix! Дваесетмина возачи ја имаа таа чест да учествуваат во инаугуративната трка!
АРТ Картинг Центарот беше наш домаќин, а ние си поминавме одлично! Трките беа забавни, а победникот на трката – Антон Ѓоршев – не само што го постави најдоброто време на нашата трка, го постави и најдоброто време на новиот распоред на тркачката патека!
Погледнете како си поминавме, а ако сакате и вие да учествувате можете да го направите тоа преку нашиот форум!
Фотографија: Дејан Маликовски