Jaguar го претстави новиот XJR супер-седан! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar го претстави новиот XJR супер-седан!

Jaguar ја претстави најсилната “R” верзија од нивниот голем XJ седан на овонеделниот саем во Њу Јорк.

XJR го придвижува 5.0-литарски V8 агрегат потпомогнат од компресор за да развива 550 кс и 680 Nm максимален вртежен момент. Усогласен со осум-степена трансмисија, му овозможува на XJR забрзување од 0-100 км/ч за 4.4 секунди до максмалната брзина од 280 км/ч. Иако во случајов не е важна информација, просечната потрошувачка на XJR изнесува 11.6 литри на 100 километри, благодарение на старт/стоп системот.

Промените во суспензијата, електронскиот заден диференцијал и рекалибрираниот систем за стабилност ја подобриле стабилноста и управливоста на XJR. За подобро чувство, рeакција и повратни информации од патот, моделот е опремен со нов систем за управување.

Најсилниот XJ модел се издвојува од останатите преку дискретни дизајнерски измени на екстериерот. Тоа се предниот сплитер, страничните прагови, четирите издувни цевки, минималниот спојлер над багажникот и отворите за воздух на поклопецот од моторот. Моделот е опремен со лесни 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во специјални Pirelli пневматици.

Ентериерот доаѓа со двобојни кожни седишта со контрастни шевови и гравирани “R” назнаки. Тука е и нов Meridian аудио систем со 12 звучници.

Основниот XJR ќе се продава по цена од 116,000 долари (90,000 евра) во САД, додека верзијата со продолжено меѓуоскино растојание ќе чини 3,000 долари повеќе.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.