Официјално: Новиот Cadillac CTS Sedan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Cadillac CTS Sedan

Ова е целосно новиот Cadillac CTS, конкурент на BMW Серија 5 и Mercedes E-класа, претставен на автомобилскиот саем во Њу Јорк оваа недела.

Новата генерација на CTS располага со полуксузен дизајн од неговиот претходник и го користи новиот ‘Art & Science’ дизајнерски јазик на компанијата. Ентериерот е доста сличен со оние на XTS и ATS, со голем екран на допир за мултимедиалниот систем, како и целосно дигитален дисплеј на инструмент таблата.

CTS е поставен на поголема платформа, со цел да порасне во димензии и да биде директна конкуренција на BMW Серија 5 и Mercedes-Benz E-класа, наместо да биде позициониран помеѓу две категории, како што беше неговиот претходник.

Понудата на мотори ќе содржи три бензински агрегати, вклучувајќи основен 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо мотор со 272 кс, 3.6-литарски природно аспириран V6 со 321 кс и нов 3.6-литарски твин-турбо V6 кој произведува 420 кс. Сите погонски единици ќе бидат усогласени со осум-степена автоматска трансмисија која ќе ги погонува задните тркала, додека погон на сите тркала ќе биде понуден како опција. Подоцна, Cadillac ќе го претстави најсилниот CTS-V со V8 агрегат .



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.