Утринска Гимнастика: Cadillac LYRIQ може да се вози и без раце – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Cadillac LYRIQ може да се вози и без раце

Cadillac објави видео во кое ја потенцира можноста за автономно возење на новиот модел LYRIQ, а за таа цел го прикажува животот на имагинарниот лик Едвард Ножици-раце.

Ликот потекнува од истоимениот филм од 1990 година на Тим Бартон, чија улога ја толкуваше Џони Деп. Edward Scissorhands е всушност човек со ножици наместо раце, исто како значењето на преводот на неговото презиме.

Можеме да замислиме дека доколку постоеше ваков лик во реалноста, тој ќе имаше секојдневни тешкотии во најразлични ситуации. Токму таа тема ја разработува Американскиот производител, и го прикажува нивното решение во однос на возењето.

Погледнете го интересното видео и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.