Нови безбедносни стандарди за возилата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови безбедносни стандарди за возилата!

Од денес стапуваат на сила нови ЕУ регулативи кои ги повишуваат стандардите за безбедност кои возилата продадени во ЕУ ќе мораат да ги задоволат.

Според најновите регулативи, од денес сите нови возила продадени во Европската Унија ќе мораат да ги задоволат следните стандарди:

  • Возачкото седиште ќе мора да има потсетник за сигурносниот појас. Потсетникот ќе мора да го извести возачот за неврзаниот појас преку звучен и видлив сигнал, а предупредувањето ќе продолжи дури и кога автомобилот е во движење.
  • Електричните возила ќе мораат да задоволат строги барања за електрична безбедност, за патниците да не добијат струен удар од автомобилот или од некој дел од моторот.
  • Возилата ќе мораат да имаат најмалку две ISOFIX-стандардизирани места за прикачување детски седишта.
  • Возилата ќе добијат ознаки за да ги информираат возачите и патниците да не поставуваат детско седиште кое гледа кон задниот дел на автомобилот, ако на тоа место има предна воздушна перница.
  • Задните седишта поставени пред багажниот простор ќе мораат да бидат доволно силни за да издржат удар од подвижен багаж во багажниот простор, во случај на преден судар.
  • Сите гуми ќе мораат да имаат Tyre Pressure Monitoring System (TPMS) за следење на состојбата со притисокот во гумите, кој ќе го извести возачот доколку притисокот во гумите не е во соодветните граници.
  • Сите автомобили ќе мораат да имаат индикатор за промена на брзината. Ова е со цел да се мотивираат возачите да возат поштедливо и поеколошки.

Од сите овие правила, не ни е јасна само регулативата за две ISOFIX места за прикачување детски седишта – што ако возилото е со само две седишта, односно двосед?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.