Прва фотографија од освежениот Mercedes-Benz E-Class – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија од освежениот Mercedes-Benz E-Class

Ова е првата фотографија од претстојната обновена генерација на Mercedes-овата E-класа, која ќе биде претставена во текот на 2013.

Преправената Е-класа на фотографијата би можела да биде моделот E63 AMG, бидејќи покрај големите алуминиумски тркала, црвените капаци на сопирачките и зголемените отвори за влез на воздух на предниот браник се замележува и “V8 biturbo” лого на предните крила.

Обновената Е-класа ќе изгуби еден од своите заштитни знаци, така што овој модел ќе добие изменети предни светлосни групи со интегрирани LED дневни светла. Останатите визуелни промени се однесуваат на маската, браниците и задните светла.

Исто така треба да се очекува изменет ентериер, побогата опрема и обновена гама на мотори. Се шпекулира дека во понудата ќе биде и Renault-овиот 1.6 dCi дизел мотор.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.