Свежи детали за претстојниот Fiat 500X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Свежи детали за претстојниот Fiat 500X

Гамата на Fiat 500 во блиска иднина уште повеќе ќе се прошири со доаѓањето на новиот Fiat 500X кој се очекува да се појави на пазарот во следната година.

Малиот кросовер ќе има повисока суспензија, темни пластични додатоци на полумесеците и ќе се нуди со избор од погон на предните тркала или на сите четири. Иако изгледа далеку помажествено во споредба со останатите модели од гамата на 500, претстојниот 500X ќе позајми слични дизајнерски елементи , како изгледот на предните и задните светла.

Fiat 500X ќе биде поставен на проширена верзија од платформата на Punto, исто како 500L, па најверојатно ќе биде приближно иста големина како моноволуменот. Во внатрешноста ќе можат да се сместат пет возрасни лица, додека багажниот простор ќе собира повеќе од 400 литри.

Под поклопецот се очекуваат истите агрегати како кај претходно споменатиот 500L, па очекуваме да видиме 1.4-литарски TwinAir бензински мотор со 94 кс како основен модел со погон на предните тркала, а покрај него, во понуда најверојатно ќе биде 1.0-литарскиот мотор со два цилиндри и 105 кс, заедно со неколку Multijet дизел мотори.

Во Септември на Саемот во Париз се очекува да биде изложена концепт верзија од Fiat 500X, која ќе ја прикаже сериската верзија што треба да излезе во продажба во 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.