Први официјални фотографии од Honda Accord – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии од Honda Accord

Новиот генерација на Honda Accord веќе не е тајна! Honda одлучи да покаже неколку фотографии од новиот Accord.

Почнувајки од надворешниот изглед, се забележуваат големите промени во однос на сегашниот модел. Прво, напред се забележува новата маска со светлосната група која ги има популарните LED дневни светла. Исто така се забележуваат хромираните детали кои ги има на повеќе места.

Новата генерација на Accord, во САД ќе биде понудена во 2 верзии, седан и купе! За Европската верзија на овој Јапонец сеуште нема подетални информации!

Продажбата на новиот Accord се очекуваа ова есен, а за подетални информации околу моторите кои ќе бидат понудени во Европа, како и повеќе фотографии очекуваме веќе наредната недела.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.