Fiat 500 by G-Tech – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat 500 by G-Tech

Германската тјунерска фирма, G-Tech успеа од воглавно здодевното “фиќо” да направи одличен спортист!

Кога зборуваме за Fiat 500, зборуваме за еден одличен и модерен мал градски автомобил, но сега G-Tech се погрижи поинаку да гледаме на него.

Уште веднаш се гледа надворешниот изглед кој е сега апсолутно агресивен во споредба со стандардната верзија на Fiat 500, а светло сината боја само го надополнува спортскиот изглед. Надворешните измени се однесуваат на предниот браник, страничните прагови, а измените продолжуваат и назад со новиот заден дифузор.

Сепак ваквиот, спортски изглед мора да биде оправдан од нешто многу поважно – моторот! Па така, 1.4 литарскиот turbocharged мотор го доби целосното внимание! Сега овој мотор има моќност од 221 КС или 335 КС. Импресивно за градски автомобил!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.