Еден од омилените модели на љубителите на Италијанскиот бренд Alfa Romeo е без сомнеж новиот модел од D-сегментот, чиво појавување веќе неколку пати се одложува.
Овој модел, кој би требало да го носи името Giulia, на пазарот ќе пристигне во почетокот на 2014 година, а се работи за автомобил со должина до 4.8 метри и погон на задните тркала, додека во понуда ќе биде и погон на сите четири.
Giulia е еден од клучните нови проекти кои Fiat ги спрема за да го упати Alfa Romeo на правиот пат и да ја достигне амбициозната цел, која подразбира производство на дури 400.000 возила годишно. За да ја постигне оваа цел, Alfa Romeo ќе се продава во Русија, Кина и САД, а постојат гласини дека Giulia ќе се произведува во Америка. Се шпекулираат и спортска верзија Giulia GTA, како и купе Giulia GT.
Понудата на бензински мотори на новата Giulia ќе опфаќа 1.750-литарски турбо бензинец и V6 бензинец со зафатнина од 3.2 или 3.6 литри. Понудени ќе бидат и три дизел агрегати, тоа се 1.6 и 2.0-литарски турбо дизели, како и нов 3.0-литарски V6 дизел агрегат со два или три турбополначи.
Покрај останатото, се зборува и за хибридна изведба со KERS систем, додека трансмисијата ќе се состои од шест-степен мануелен, седум-степен секвенцијален со дупла спојка и нов ZF автоматски менувач со девет степени на пренос.
Основната цена на Alfa Romeo Giulia ќе биде околу 27.500 евра.
Покрај новата Giulia, Alfa Romeo спрема повеќе нови модели меѓу кои се и сериски 4C, новиот роудстер Duetto во соработка со Mazda, нов водечки модел (најверојатно наследник на 166), како и кросовер кој ќе излезе во наредната година.
Ви претставуваме неколку интересни неофицијални рендери: