Започна производството на Fiat 500L – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на Fiat 500L

Вчера официјално започна производството на 500L во поранешната фабрика на Zastava во Крагуевац, Србија.

Од денот на претставувањето на Fiat 500L, па се досега беа призведени 100 автомобили, кои од есен ќе им бидат понудени на купувачите. Официјалниот почеток на производството, за разлика од досегашното, значи дека надлежниот одбор во Fiat-овата централа во Торино дал “зелено светло” да започне сериското производство на овој модел.

Компанијата Fiat автомобили Србија до крајот на оваа година би требало да призведе околу 30,000 автомобили, додека наредната 2013 година се очекува производство на 160,000 примероци. Покрај 500L, во фабриката во Крагуевац започна и производството на моделот со седум седишта, кој најверојатно ќе на носи назнаката “Fiat 500XL”, но засега не се знае обемот на неговото производство.

Со должина од 4,140mm, широчина од 1,780mmи височина од 1,660mm овој модел е за 594mm подолг, 153mm поширок и 175mm повисок од неговиот тривратен брат Fiat 500. Во внатрешноста комотно можат да се сместат 5 патници со височина до 2 метри, а зафатнината на багажниот простор е 400 литри.

Палетата на мотори се состои од два бензински и еден дизел агрегат:

-Основниот 0.9 Turbo TwinAir со 105 кс и 145 Nm вртежен момент забрзува од 0-100 км/ч за 12,3 секунди, има максимална брзина од 180 км/ч и забележува просечна потрошувачка од 4.8 литри на 100 километри.

-Вториот бензинец е 1.4 16V Fire со 95 кс и 127 Nm, максимална брзина од 170 км/ч, забрзување до 100 км/ч за 12,8 секунди и потрошувачка од 6,2 литри на 100 километри.

Поврзано:   Луѓето ја сакаат Fiat Panda - Fiat им го дава на луѓето она кое го сакаат!

-Дизелскиот агрегат 1.3 16V MultiJet 2 произведува 85 кс и 200 Nm вртежен момент што му овозможува на моделот забрзување до 100 км/ч за 14,9 секунди и максимална брзина од 165 км/ч, додека неговата потрошувачка се движи околу 4,2 литри на 100 километри.

Почетните цени на 500L на нашиот пазар се очекува да стартуваат од 15,000 евра па нагоре.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.