Honda Mugen CR-Z GT подготвена за тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda Mugen CR-Z GT подготвена за тркачките патеки!

Беше само прашање на време кога ќе видиме тркачка верзија на хибридното купе на Хонда.

За сега, Honda нема објавено конкретни податоци за перформансите на тркачката верзија на CR-Z, но знаеме дека наместо 1.5-литарскиот четири-цилиндричен агрегат, CR-Z GT е придвижуван од 2.8-литарски V6 мотор, потпомогнат од два турбо-полначи кој работи во соработка со тркачки хибриден систем.

Иако не ги знаеме перформансите, можеме да ги погледнеме фотографиите од Јапонскиот тркач, но и да погледнеме едно видео од тестирањата кои Honda ги прави со цел да го подготви својот нов кандидат за трките кои му претстојат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.