Прикажан новиот Fiat 500X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прикажан новиот Fiat 500X

Ова е новиот Fiat 500X, кој ќе започне со продажба при крајот на следната година, заменувајќи го Fiat Sedici и станувајќи петти член на фамилијата 500.

На новинарите кои присуствуваа на првото возење на новиот Fiat 500L претходната недела им беше кратко прикажан новиот модел. Базиран на истата Punto платформа како 500L, од проектот 500X исто така ќе произлезе и Jeep верзија.

Според извештај од Италијанскиот бренд, 500X и Jeep ќе се произведуваат во фабриката Mirafiori, а италијанците предвидуваат комбинирана продажба на моделите од 280,000 единици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.