Замената на BMW X1 доаѓа во 2015 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Замената на BMW X1 доаѓа во 2015

BMW-овиот кросовер X1 се покажа многу успешен на пазарот, па сега започнуваат да се шират деталите за неговиот наследник кој ќе започне со производство во 2015.

Втората генерација на X1 ќе се базира на истата платформа од Mini Countryman и 2012 BMW Серија 1 GT, со цел да се намалат трошоците за нејзиното производство. Германскиот бренд сака новиот мал кросовер да нуди повеќе простор и комоција во внатрешноста, па со таа цел моторот ќе биде поставен попречно.

Голем дел од гамата на мотори ќе биде преземена од втората генерација на Mini Countryman.За разлика од сегашниот модел со погон на задните тркала, новиот X1 ќе биде со погон на предните тркала. Како опција ќе биде понуден и погон на сите тркала со Haldex спојка како кај Countryman.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.