Abarth Punto Supersport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Abarth Punto Supersport

Италијанската тјунерска рака на Fiat објави повеќе детали за новото Abarth Punto Supersport, кое може да се пофали со 180 коњски сили!

Концептот за прв пат го видовме на Франкфуртското авто-шоу, но денес имаме повеќе детали околу уличниот тркач. Моделот се издвојува по мат-црните детали, спортските линии офарбани во Campovolo сива боја, но и големите 17-инчни тркала. Во внатрешоста има спортско-профилирани седишта и богата сериска опрема, но вистинското изненадување се крие под поклопецот на моторот!

Таму се наоѓа веќе добро познатиот 1.4-литарски MultiAir турбо мотор кој испорачува 180 коњски сили и 270 Nm вртежен момент – а тоа е сосем доволно за Abarth Punto Supersport да може да забрза до 100 километри на час за 7.5 секунди и да постигне максимална брзина од 216 километри на час. Според официјалните податоци потрошувачката изнесува 6.1 литар на 100 изминати километри а емисијата на гасови само 142 грама CO2 на изминат километар.

Производството ќе биде ограничено на само 199 примероци, а цените во Италија започнуваат од 21.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.