Авто+ Racing Experience – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Авто+ Racing Experience

Нашите пријатели од Авто+ ве канат викендов во трговскиот центар Зебра на едно несекојдневно доживување – дојдете, тркајте се и освојувајте награди!

Благодарение на два тркачки симулатори кои ќе бидат поставени во ТЦ Зебра ќе можете да се забавувате, но и да ги покажете вашите тркачки способности.  Овој викенд од 10 до 16 часот ќе бидат поставени симулаторите во ТЦ Зебра, а потоа секој викенд ќе бидат во некој Супер Тинекс за на крај манифестацијата да заврши во Рамстор.

Најдобрите тркачи ќе ја имаат шансата да отидат на тркачката патека во Кичево, и таму да поминат незаборавен ден на патеката заедно со професионален тркач, кој со задоволство ќе ви ги покаже своите способности. Се што треба да направите е да дојдете овој викенд (или некој од следните викенди) со новиот број на Авто+ во рацете и да покажете што знаете!

Се гледаме таму!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.