Официјално: Новиот 2013 SRT Viper! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот 2013 SRT Viper!

Благодарение на колегите од Autoweek ги имаме официјалните податоци за новиот Viper – a тие се – 8.4 литри, V10, 640 коњски сили и 815 Nm вртежен момент!

Историјата на третата генерација на Dodge Viper, која сега е под новиот бренд SRT и официјално се нарекува SRT Viper е навистина интересна. Многу малку недостасуваше за автомобилот воопшто да не се појави на пазарот. Светската рецесија и економска криза, „разводот“ помеѓу Daimler и Chrysler и околностите на пазарот за малку ќе го згаснеа проектот.

Но еве го пред нас, со навистина голем 8.4-литарски V10 мотор и импресивни бројки кои ги добива од него – 640 коњски сили и 815 Nm вртежен момент. Максималната брзина е 330 километри на час, а сеуште не знаеме за колку секунди ќе забрзува до 100 километри на час, но сигурно нема да бидат многу.

Новиот Viper е изработен од јаглеродни влакна (carbon fiber) и алуминиум, што му обезбедува помала тежина – околу 1500 килограми – а со тоа и подобри перформанси. За прв пат во Viper ќе се вградува контрола на стабилност, а црвената линија на моќниот V10 е на 6200 вртежи, додека на 6400 вртежи веќе се прекинува доводот на гориво.

Испораката на новиот Viper ќе започне кон крајот на годината.

Извор: Autoweek



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.