Пред-премиера: Fisker Atlantic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пред-премиера: Fisker Atlantic

Fisker го покажа својот втор модел, кој ќе се продава покрај постоечкиот модел Karma. Официјално ќе знаеме повеќе за неколку дена, но веќе знаеме неколку детали околу спортскиот седан.

Според најавите од Fisker, Atlantic е приближно голем колку Audi A5 Sportback. Под поклопецот на моторот се крие традиционален мотор со електрично согорување, но додека во Karma тоа беше мотор на GM, во Atlantic се вградува 2-литарски турбо бензинец кој го произведува BMW. Покрај моторот со внатрешно согорување, тука се и електромоторите кои овој автомобил го прават хибриден, а можноста да се полни од електрична мрежа го прави да биде Plug-In хибрид, кој во теорија не би трошел воопшто гориво.

Atlantic ќе биде понуден со погон на задните тркала, но ќе се нуди и опција со погон на сите тркала, а се очекува цената да му биде помеѓу $40.000 и $50.000 – скоро двојно помалку од цената на Fisker Karma.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.