Subaru претстави технологија за автоматско перење на возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru претстави технологија за автоматско перење на возила!

Замислете дека само што сте се вратиле од возење низ вашата фарма, каде што ги чувате вашите крави, кози и разно-разни кокошки, и замислете дека вашето возило е навистина валкано. Но што ако вашето возило може да биде чисто, со едноставно притискање на копче?

Инженерите на Subaru мислеле на вас! Нивната технологија која ќе го доживее своето деби со новиот Subaru XV ви го овозможува токму тоа – едно едноставно притискање на копче – и вашиот автомобил е повторно чист! Можеме само да се надеваме дека и другите производители ќе понудат ваква технологија наскоро!

За подобро да го разберете новиот систем и повеќе да дознаете за оваа нова и рака на срце, револуционерна технологија, посетете ја веб-страницата на Subaru!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.