Škoda Superb е Автомобил, BMW X1 е SUV на годината во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda Superb е Автомобил, BMW X1 е SUV на годината во Македонија!

Националното жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија одлучи – големиот чешки седан е автомобил, а баварскиот теренец е SUV на годината во Македонија!

По екстензивните возења и долготрајното тестирање, Националното Жири кое го одбира Македонскиот Автомобил на Годината одлучи оваа година титулата да ја однесе Škoda Superb. Големиот чешки седан освои три од петте гласа, вклучувајќи го и гласот добиен од интернет-гласањето. Меѓу финалистите се најдоа и BMW X1, Hyundai Tucson, Jaguar XE, Land Rover Discovery Sport, Mazda CX-3 и Opel Astra.

Škoda Superb им се придружува на Ford Mondeo, Škoda Octavia, Seat Leon, Kia Rio и другите автомобили кои досега ја имаат однесено титулата. Оваа година титулата се доделува по 21-ви пат.

bmw-x1-xoty

Оваа година, титулата за SUV на Годината во Македонија ја освои баварскиот BMW X1. Според жирито, X1 ја добива наградата заради новитетите кои ги нуди, а особено го истакнуваат фактот дека баварскиот производител за прв пат нуди изведба на преден погон, но и прифатливата цена за изведба со преден погон и дизел мотор.

Дополнително, признание доби и компанијата Еуроимпекс. Еуроимпекс го добива признанието поради афирмација на Македонија во регионот – македонската компанија е овластен увозник за автомобилите од програмата на Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Им честитаме на сите победници и наградени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.