AC Schnitzer ACL2 Concept е Hulk изведба од M235i! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer ACL2 Concept е Hulk изведба од M235i!

Со доволно сила за да им се спротивстави и на суперавтомобилите од претходната генерација, AC Schnitzer ACL2 Concept претставува BMW M235i Coupe со значително подобрени перформанси.

Изложен на сегашниот автомобилски саем во Женева, тјунираниот модел на BMW располага со модифицирана изведба од шест-цилиндарскиот твин-турбо агрегат од М3 и М4 на местото од 3.0-литарскиот мотор од M235i. Со 200 кс повеќе од стандардниот М2 купе, чудовиштето на AC Schnitzer испорачува вкупно 570 кс преку шест-степен рачен менувач. Ова всушност претставува околу 150 кс повеќе од она што го нудат стандардните М3 и М4. Неговото забрзување од 0-100 км/ч трае само 3.9 секунди, во споредба со М2 на кое му се потребни 4.5 секунди, додека М4 го прави истото за 4.3 секунди, кога е опремено со мануелна трансмисија.shyhuoryt

 

Покрај зголемувањето на силата, автомобилот поминал третман за намалување на тежината, така што неговата маса изнесува 1,448 kg, што е за 122 kg помалку од М2 и 142 kg помалку од поголемиот М4. Ова резултира со однос сила наспрема тежина подобар од оној на Porsche 911 GT3 RS или дури Ferrari 458 Italia.

Шасијата е тјунирана со целосно прилагодлива Clubsport суспензија и карбонски керамички сопирачки над кои се наоѓаат 20-инчни ковани алуминиумски фелни. Се издвојува од стандардниот модел благодарение на неговиот нов бодикит и Racing зелената боја, додека во внатрешноста е отстранета задната клупа, додадени се две карбонски тркачки седишта напред, има изменет волан, алуминиумска рачка на менувачот и педали, како и нови украсни материјали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.