Fiat претстави спортска 500S изведба во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat претстави спортска 500S изведба во Женева

На овогодишниот автомобилски саем во Женева, Fiat прикажа поспортска верзија од нивниот нов 500, наречена ‘S’.

‘S’ изведбата е создадена да ја истакне спортската природа на обновениот 500, кој доаѓа со нови браници со интегрирани светла за магла, специјални странични прагови, заден спојлер, затемнети задни стакла и хромирана издувна цевка. На купувачите ќе им биде понуден со двобојни 15 и 16-инчни алуминиумски фелни, како и избор од нови бои за каросеријата.

За погонување на 500S задолжен е 1.3-литарски Multijet агрегат со 95 кс, способен да го забрза автомобилот од 0 до 100 км/ч за 10.7 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 180 км/ч. Што се однесува до економијата на возење, на 500S му се потребни само 3.4 литри гориво за секои 100 километри, што е прилично импресивна бројка.

asdghfyhdgfez

Во внатрешноста, инструмент таблата располага со Uconnect 7-инчен HD LIVE екран на допир со дисплеј со висока резолуција, кој содржи одлики како LIVE сервиси, Bluetooth hands-free, препознавање на гласот и бројни музички опции. Дополнително на тоа, моделот може да се добие со Apple CarPlay и Android Auto, дигитално радио и интегрирана 3D TomTom сателитска навигација. Како опција ќе биде понуден и ексклузивен BeatsAudio систем, со моќност од 440 вати.

Фановите на Fiat 500 кои преферираат да уживаат во веењето на ветрот во нивните коси најверојатно повеќе ги привлекува 500S Cabrio верзијата, која исто така може да се вози во текот на целата година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.