Еуроимпекс станува генерален увозник за Valvoline – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс станува генерален увозник за Valvoline

Компанијата Еуроимпекс ја шири својата понуда – и од денес официјално е генерален увозник за маслата од програмата на Valvoline!

Еуроимпекс е првата компанија во Македонија чие работење е насочено кон трговија со автомобили. Во своето 26 годишно работно искуство, бележи раст развој и успешно стопанисување не само во областа на автомобилите туку и со другите брендови кои ги застапува.

euroimpeks-valvoline2

„Во нашиот досегашен 26 годишен развој, Еуроимпекс постојано во својот фокус го има клиентот. Застапуваме исклучиво висококвалитетни брендови развиени од општествено одговорни компании. Будно ја следиме нашата мисија и преку високо-квалитетна понуда и услуга, целиме да преку одговорен пристап придонесеме кон ефикасно и ефективно остварување на целите на потенцијалните клиенти.

Интерно, Еуроимпекс е структурирана на сектори, кои одделно се развиваат како посебни единици. Денес, компанијата свечено добива уште еден член во семејството и ја збогатуваме понудата во секторот за масла и акумулатори. Чест ми е официјализирам дека од денес Еуроимпекс го започнува пласманот на брендот Valvoline на пазарот во Македонија.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

euroimpeks-valvoline4

„Валволин е по потекло американски бренд и оваа година обележува 150 години постоење. Брендот е основан 1866 година и денес е присутен во 160 земји во светот. Пласманот на брендот за Европскиот пазар се одвива преку Ротердам од каде доаѓа директно на македонскиот пазар. Во Македонија бевме присутни повеќе години и продолжуваме со својот развој. Ја избравме компанијата Еуроимпекс да биде наш партнер. Избравме искусна и стабилна компанја со која имаме ист пристап и визија за понатамошниот развој на брендот. Јас верувам дека во иднина ќе имаме многубројни задоволни и лојални клиенти и дека ќе бележиме позитивни резултати.“ – изјави г-динот Бошко Шуковиќ, Регионалниот директот на Валволин.

euroimpeks-valvoline3

„Секторот масла во Еуроимпекс, оваа година бележи свое 20-сет годишно постоење. Нашето досегашно искуство и постигнати резултати ја прави нашата компанија препознатлива како број еден во продажба на маслата ТОТАЛ во Македонија и тој тренд со задоволство ќе го имплементираме паралелно понатаму со брендот Валволин. Во Македонија работиме со над 220 комитенти, но фокусот на нашето работење постојано е крајниот потрошувач кој е основ на нашиот досегашен успех. Од денес, на наше големо задоволство ќе имаме проширена понуда на високо-квалитетните моторни масла Valvoline, преку која ќе бидат задоволени барањата на купувачите на целата територија на Македонија.“ – изјави г-динот Зоран Мирковски, Директор на секторот масла во Еуроимпекс.

Еуроимпекс дистрибуцијата на масла ја врши пo сите сегменти, располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот Valvoline ќе биде лесно достапен до крајниот потрошувач. Секторот масла во Еуроимпекс, располага со високостручен и искусен кадар кој е подготвен правилно да одговори на сите барања на клиентите. Целта на компанијата е правилно позиционирање на Валволин и негово повторно враќање на старите водечки позиции.

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.