Новиот Ford Mustang во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Ford Mustang во Скопје!

Несекојдневна глетка на нашите улици – новиот Mustang опремен со 5-литарски V8 во Скопје!

Мускулестиот автомобил на Синиот Овал за прв пат во својата историја официјално се продава на стариот континент – и еден примерок деновиве може да се забележи по скопските улици. Конкретниот автомобил под поклопецот го крие големиот 5-литарски атмосферски V8 бензинец кој испорачува 420 коњски сили и 530 Nm вртежен момент – доволно за „стотка“ за само 4.8 секунди и максимални 265 километри на час!

Всушност, ние многу добро го познаваме Mustang – минатата година имавме можност да го возиме како големиот V8, така и  „порационалниот“ 2.3-литарски EcoBoost. Прочитајте за нашето искуство со легендата на американската автомобилска индустрија!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.