2014 Jaguar C-X75 добива 1.6 турбо со 500 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2014 Jaguar C-X75 добива 1.6 турбо со 500 кс

Jaguar официјално ја откри намерата да го произведе целосно новиот хибриден суперавтомобил Jaguar C-X75. Крајниот сериски модел го следи C-X75 Concept, кој беше претставен на Саемот во Париз во Септември 2010.

Oвој суперавтомобил ќе излезе во продажба за приближно две години, во ограничена бројка од само 200 единици, со цена од околу милион евра. C-X75 е развиен во соработка со Williams и ќе биде вториот Британски хибриден суперавтомобил покрај МcLaren-овиот P12, кој ќе им конкурира на наследникот на Ferrari Enzo и Porsche 918 Spyder.

Најважните вести се однесуваат на погонот кој ќе биде користен кај овој модел. Се работи за 1.6-литарски бензински мотор кој со помош на турбополнач и компресор произведува 500 кс при неверојатни 10,000 вртежи во минута. Oвој мотор ги заменува дуплите џет турбини со кои располагаше концептот од 2010.

Ова му овозможува максимална брзина од над 320 км/ч и забрзување од место до 100 км/ч за 3.0 секунди. Покрај 1.6-литарскиот мотор, во постојана работа се и два електрични мотори. Автомобилот исто така може да се вози во целосно електричен мод дури 60 километри, со забрзување од 0-100 км/ч за 6.0 секунди.

C-X75 има сличен тип на работа како Porsche 918 Spyder, кај кој силата се праќа кон задните тркала или се користи за полнење на батеријата. На предната оска е поставен независен електромотор, додека силата од електричниот мотор на задната оска е комбинирана со силата од бензинскиот мотор. Бидејќи предниот електричен мотор е во постојана работа, ова значи дека автомобилот има постојан погон на сите тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.