Утринска Гимнастика: Gymkhana на Европски начин! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Gymkhana на Европски начин!

Италијанскиот рели возач со Француски рели автомобил, Luca Pedersoli, минатата година претстави видео преку кое му објави “Drift” војна на Ken Block.

Инспириран од Gymkhana серијата на Американскиот рели возач, Luca Pedersoli заедно со неговиот Peugeot 206 WRC во изведува разни акробации и лудории на каменолом, поминувајќи под буложери кои сакаат да го столчат. Видеото е комично зачинето со една прекрасна блондинка, која го следи секој чекор на возачот, додека тој се труди да и побегне.

Мораме да признаеме дека клипот не изгледа толку професионално како оние на Ken Block, но бидејќи е прв се надеваме дека наредниот ќе биде далеку подобар. Сепак, вреди да се погледне и ќе биде доста интересно за автомобилските ентузијасти и љубителите на Францускиот бренд. Уживајте во следните 6 минути!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.