Porsche Panamera GP-970 by NLC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Panamera GP-970 by NLC

Тјунерите од NLC, направија агресивен стајлинг пакет за популарната Panamera, кој изгледа како да излегол од најтемните ноќни мори на фановите на Porsche!

Го носи името GP-970, а стајлинг пакетот на ова Panamera вклучува боди кит од јаглеродни влакна, нов преден браник со нови отвори за воздух како и изменети странични прагови.  на задниот дел се наоѓа интегрираниот заден спојлер заедно со новиот заден дифузор.

Во понудата се и новите 22-инчни бандажи како и спортскииот издувен систем. Цената за оваа грдосија не е позната, но сигурно ќе ги привлече оние со повеќе пари отколку вкус.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.