Свежи фотографии од новиот Kia Cee’d – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Свежи фотографии од новиот Kia Cee’d

Хечбекот на Kia се докажа како популарен и успешен автомобил, па затоа Корејскиот производител вложува големи надежи за втората генерација. Судејќи по сликите, добри му се шансите на пазарот!

Веќе видовме некои фотографии кои не ни оставија посебен впечаток, но новите фотографии кои ги објави Kia пред саемот во Женева кој треба да се одржи во Март многу повеќе ни го привлекуваат вниманието. Сеуште не знаеме многу за тоа што ќе има новиот Cee’d под поклопецот на моторот, но сигурни сме дека ќе ги добие моторите кои се веќе понудени во гамата на Kia.

Во внатрешноста можеме да приметиме детали кои не потсетуваат на Kia Rio, модел кој сосем заслужено е автомобил на годината во Македонија, и тоа воопшто не е критика, туку напротив е пофалба, бидејќи многу ни се допадна ентериерот на Rio. Сепак, останува да видиме повеќе кога и официјално ќе биде претставен моделот, веќе во Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.