Volkswagen најави масивно реструктурирање – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen најави масивно реструктурирање

Надзорниот одбор на германскиот гигант одобри план за сеопфатно реструктурирање – а планот вклучува потенцијално затворање на фабрики и значително намалување на работната сила во Германија.

Планот кој се вика Future Plan 2030 е „стратешки најзначајната трансформација во историјата на Volkswagen Group“. Океј, но што всушност значи тоа?

Накратко, планот вклучува затворање на фабрики, но и намалување на работните места. Според планот, Volkswagen ќе се концентрира само на „најважните и најубедливите возила“ и до 2035 околу половина од сегашните модели ќе бидат пензионирани. Дополнително, комплексноста ќе биде намалена за околу 75%, што всушност значи дека понудата ќе биде поедноставена и ќе се нудат помалку различни конфигурации. Според Volkswagen, ова ќе значи зголемена продажба, намалени трошоци и подобрена економија на размер. Додаваат и дека „системски ќе ги прилагодат платформите, електричните архитектури, системите за асистенција и софтверот за потребите на западната и источната хемисфера“.

Истовремено, Volkswagen потврди дека европските производствени капацитети се предимензионирани за моменталните потреби, и тоа за околу 500.000 возила годишно. Соодветно на тоа, ќе треба да бидат направени соодветни прилагодувања и Volkswagen сака до Јуни следната година да има конкретен план околу оваа реалност. Малку загрижувачки, кажуваат дека „компетитивната идна алокација за производство во Емден, Цвикау, Хановер и Некарсулм не може да биде обезбедено на скалеста основа од 2031 до 2034“. Интересно е што не најавуваат директно затворање на фабриките и напоменуваат дека „во моментов се разгледува алтернативна намена за овие фабрики“.

Од друга страна, планот индиректно најавува кратење на околу 50.000 работни места во Германија, вклучувајќи и менаџерски позиции. Истовремено, Volkswagen детално ги разгледува и другите бизниси кои се дел од групацијата и дури размислува и да продаде дел од своето портфолио на недвижности.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Volkswagen ID. Cross има премиум амбиции!

Главниот извршен директор на Volkswagen Group, Oliver Blume изјави дека „Надзорниот Одбор едногласно го одобри планот на извршниот одбор кој беше претставен денес. Ова е силен сигнал за иднината на Volkswagen Group. Ја преземаме одговорноста за сите наши вработени, за нашите партнери и за индустриските работни места ширум светот. Во следните неколку години ќе инвестираме троцифрена бројка на милијарди за да ги направиме нашите брендови уште попривлечни, посилни и поконкурентни“.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.