Август беше одличен за BYD во Германија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Август беше одличен за BYD во Германија

Кинескиот бренд станува сè посилен во Европа. Всушност, овој Август беше одличен за BYD кој освои дури 2.5% од пазарот во Германија!

Минатиот месец беше одличен за BYD во Германија. Со 5262 ново-регистрирани возила, BYD успеа да освои 2.5% од тамошниот пазар. Водечки модел е плаг-ин хибридниот BYD SEAL U DM-i кој се продаде во вкупно 1283 примероци за само еден месец.

Од BYD Германија кажуваат дека ова е директен резултат на активностите и развојот низ изминатите неколку месеци – раст кој не е врзан со некакви специјални активности, туку на конзистентна пазарна стратегија. Всушност, Lars Bialkowski кој е одговорен за BYD во Германија изјави дека „Во Германија целиме кон пазарна стратегија која е дизајнирана за конзистентност. Август покажа дека ваквиот пристап вродува со плод, без разлика на периодот во годината. Ова е бидејќи побарувачката и присуството на пазарот растат паралелно.“

Ние би рекле дека сето ова е интересен индикатор за пазарните промени. Скептичноста која (како низ Европа, така и кај нас) постоеше за кинеските брендови полека но сигурно се надминува и купувачите ја препознаваат вредноста на автомобилите кои доаѓаат од далечниот исток. Истовремено, кинеските брендови веќе инвестираат во европска логистичка инфраструктура, но и погони каде локално ќе се произведуваат нивните автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.