По екстензивните тестирања, но и гласањето од публиката, интернационалното Autobest жири го објави автомобилот кој ќе ја носи титулата годинава.
На интерактивно шоу кое се одржа во саботата, жирото го објави добитникот на титулата AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2026, но и победниците во уште три категории.
Признанието за Best Car Design of Europe отиде кај новата Fiat Grande Panda. Малиот италијански кросовер шармираше со футуристичкиот дизајн, но и со прекрасните ретро-елементи. Ние веќе ја возевме новата Fiat Grande Panda и нашиот тест можете да го погледнете тука.
Понатаму, беше доделено и признанието Best Affordable Car Technology Package of Europe, кое отиде во рацете на новиот целосно-електричен MG S5 EV. Електричниот SUV за жал во моментов не е во понудата на MG во Македонија, но би можел да биде понуден тука во иднина.
Со признание се закити и Citroen, кој ја доби титулата Best Users’ Car of Europe за 2026, и тоа за одличниот и супер-практичен нов C3 Aircross. Ние го возевме C3 Aircross на интернационалната презентација во Шпанија, а потоа и тука во Македонија, на наш терен.
И конечно, титулата AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2026 отиде во рацете на новиот Renault 4 E-Tech. Современата интерпретација на ретро-фантастичниот Renault 4 ги освои како членовите на жирито, така и срцата на публиката.
Им честитаме на сите победници!






