Fiat продаде највеќе возила меѓу брендовите на Stellantis во првата половина од годинава – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat продаде највеќе возила меѓу брендовите на Stellantis во првата половина од годинава

Stellantis има 14 брендови во своето портфолио, но токму Fiat покажа најголем успех во првите шест месеци од оваа година.

Верувале или не, Fiat продаде 645.000 возила на глобалните пазари во првата половина од оваа година – и не само тоа, туку успеа и да ја зголеми продажбата за 10% во однос на истиот период минатата година. Интересно е што повеќе од 50% од продажбата нa Fiat е постигната надвор од Европа.

Fiat едноставно доминира во Јужна Америка каде има скоро неверојатни 14.1% од пазарот. Еден од примерите е Бразил, каде дури 22% од продадените возила биле модели на Fiat, особено моделот Strada. На домашниот пазар во Италија Fiat има одлично учество од 12.8% во првата половина од 2023, а во Турција има 18.2% од пазарот благодарение на одличната продажба на Tipo.

Ширум Европа, одлично се продава електричниот Fiat 500e кој истовремено е најдобро-продавано електрично возило во Европа меѓу сите брендови на Stellantis. Fiat доживува своевидна ренесанса – италијанскиот бренд неодамна ги претстави новиот електричен 600е и супер-шармантниот Topolino, а веќе е најавена и следната Panda. Истовремено, Fiat треба да го лансира електричниот 500е и во САД, а следната година брендот ќе го прослави и својот 125-ти роденден. Одлични времиња за Fiat!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.