Tesla оформила таен тим за прикривање на поплаките за краток досег на своите автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla оформила таен тим за прикривање на поплаките за краток досег на своите автомобили

Tesla се соочува со обвинување дека оформил таен тим чија цел била да ги прикрие илјадниците поплаки кои пристигнале за досегот на електричните автомобили.

Ројтерс цитира неколку различни извори кои се запознаени со темата. Според објавеното, вработени на Tesla наводно биле дел од овој тим и добиле инструкции да им оневозможат на купувачите на Tesla кои поднеле поплаки околу досегот на нивните автомобили да посетат сервисен центар.

Според изворите на Ројтерс, компанијата формирала специјален „Тим за Дивертирање“ во Лас Вегас, чија задача била да откаже колку што е можно повеќе закажни термини за сервис, кои биле поврзани со досегот на електричните автомобили. Наводно, ова било направено бидејќи сервисните центри биле преплавени со вакви барања од клиентите.

„На илјадници клиенти им било кажано дека нема никаков проблем со нивните автомобили од сервисни советници кои не ги ни погледнале нивните автомобили и не поминале низ процес на дијагностика“ – кажува еден од изворите. Според информациите, сопствениците на Tesla возилата очекувале подобар досег базиран на естимациите и бројките кои самата компанија лажно ги рекламирала, како и естимациите за досег покажан во самите автомобили. Tesla веќе плати казни во Јужна Кореја за лажно рекламирање на досегот на нивните автомобили.

Наводно, менаџерите на Tesla на тимот му соопштиле дека со секој откажан термин за сервис во сервисен центар, компанијата зашедува 1000 долари. Тимот откажувал и затворал стотици вакви случаи неделно а кај секој вработен бил следен просечниот број на откажани термини во сервисен центар во текот на еден ден.

Во многу случаи, на автомобилите воопшто не им требале поправки, кажуваат луѓе поврзани со овој проблем. Поплаките на купувачите биле поради начинот на кој Tesla ги залажувала купувачите на нивните автомобили во однос на досегот кој го имаат. Компанијата е обвинета дека го преувеличувала досегот на автомобилите и ги подигнувала очекувањата на купувачите над она кое автомобилите можеле да го постигнат. Ројтерс зборувале со три ексерти кои ги тестирале или ги проучувале возилата на Tesla и според нив возилата честопати не го достигнувале рекламираниот ниту естимираниот досег.

Наводно, ова било практика која започнала уште пред 10-тина години за маркетинг цели. Тогаш Tesla продаваше само два модели – малиот Roadster и седанот Model S. Според наводите, алгоритмите на софтверот во автомобилите покажувал оптимистичи проекции кога батериите биле полни, но кога батериите ќе се испразнеле до под 50%, тогаш алгоритмите прикажувале значително поточни естимации. За да се спречат несакани застанувања на возилата кога ќе им се испразнат батериите, возилата можат да поминат до 25 километри дури и кога индикаторот за батериите покажува дека се празни.

Според истиот извор, инструкциите за овој алгоритам дошле директно од Elon Musk кој „сакал да покаже добри бројки за досег кога батериите се целосно наполнети“.

Извор: Ројтерс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.