ПРЕМИЕРА: Како да е од цртан филм – Fiat го претстави новото Topolino! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Како да е од цртан филм – Fiat го претстави новото Topolino!

Новото Topolino е идеалното решение за урбаната мобилност – мал, практичен и ефикасен урбан електричен автомобил кој оддава почит на историјата на брендот, но и на способноста на Fiat да биде иновативен кога станува збор за допадливоста и кул-факторот.

Ако штотуку-претставениот 600е е големата сестра на 500е, тогаш Topolino дефинитивно е неговата помала сестричка – дури и од Fiat го признаваат тоа. Новиот Topolino го влече името и дизајнот од оригиналниот Fiat 500 кој го добил прекарот Topolino поради малите димензии. Исто како и неговиот претходник, и новото Topolino е водено до моќна едноставност, дизајн кој се врти околу филозофијата дека помалку е повеќе и кој претпочита едноставност како најдобар придружник на убавината.

Fiat ќе нуди две различни каросерии – една затворена и една отворена. Двете верзии ќе бидат водени од три структурни карактеристики – една боја, Verde Vita, дизајн на едно тркало и еден естетски пристап кон ентериерот. Topolino е долг само 2.53 метри, но е лесен и маневрабилен, а автономијата од 75 километри благодарение на малата батерија со капацитет од 5.4 kWh е идеално-дефинирана за да нуди одлична урбана мобилност. Максималната брзина е 45 километри на час, секако. Сето ова овозможува на некои пазари Topolino да може да се вози со наполнети само 14 години.

Кабината е супер-практична. Има две седишта кои се поставени за да се максимизира просторот во кабината, а стаклените површини овозможуваат одлична прегледност. Стратешки-поставените места за складирање овозможуваат багажен простор од вкупно 63 литри.

Огромен удел во привлечноста на Topolino игра и можноста за персонализација – всушност, дури можете да додадете и мал туш кој е идеален додаток за деновите поминати на некоја плажа на италијанското крајбрежје. Затворената верзија може да се персонализира со декоративни стикери со дрвени мотиви на вратите, додека на отворената верзија стикери се поставуваат на кровот за да се добие ефект на летен шатор.

Поврзано:  Во Крагуевац стартуваше производството на новата Fiat Grande Panda

За двете верзии тука се задната корпа, Dolcevita кутијата во внатрешноста, како и ретро-инспирираните хромирани странични ретровизори. Отворената верзија може да добие јажиња наместо странични врати, додека затворената верзија добива заштитник од сонце на кровот. Преку Fiat Accessories ќе може да се нарачаат и надворешна торба, USB вентилатор, безжичен звучник, специјален термос како и навлаки за седиштата кои се трансформираат во крпи за плажа.

Ние само ќе додадеме дека Topolino изгледа многу, многу, неверојатно многу кул и со нетрпение ја очекуваме првата можност да седнеме зад управувачот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.