Volkswagen подготви темелно освежување за T-Cross – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen подготви темелно освежување за T-Cross

Volkswagen го претстави освежениот T-Cross – најмалиот кросовер во понудата на VW добива нови технологии и унапреден ентериер.

Редизајнираниот T-Cross добива нов преден браник со нови странични отвори, нови IQ.Light LED Matrix предни светла и хоризонтален LED елемент меѓу нив. Профилот е неизменет но од Volkswagen напоменуваат дека се достапни нови тркала со дијаметар од 16 и 17 инчи. На задниот дел забележуваме нова графика на задните светла и широка LED компонента меѓу нив, како и редизајниран браник. T-Cross добива и три нови бои – Grape Yellow, Clear Blue Metallic и Kings Red Metallic.

Позабележливи освежувања има во кабината, каде многу од површините сега се обложени со помеки и значително поквалитетни материјали. T-Cross добива и нов дигитален кокпит – дигиталните инструменти сега се дел од стандардната опрема и достапни се во две големини – 8 или 10 инчи. Централниот инфозабавен екран е со дијагонала од 8 или 9.2 инчи и добива понов, надграден софтвер. Кабината добива и нови контроли за клима уредот, а за прв пат може да се нарача и Travel Assist ADAS систем за асистенција.

Од Volkswagen ја потенцираат практичноста на T-Corss и ги истакнуваат деталите како лизгачката задна клупа, флексибилниот багажен простор чиј капацитет варира од 385 до 455 литри, како и зголемената носивост доколку прикачите носач за велосипеди.

Понудата на мотори останува неизменета – а тоа значи дека T-Cross може да се добие со 1-литарски TSI кој испорачува 95 или 115 коњски сили, како и помоќниот 1.5-литарски TSI кој испорачува 150 коњски сили. Силата (како и досега) се испорачува кон предните тркала преку 5-степен или 6-степен рачен менувач, или пак 7-брзински DSG кој стандардно се комбинира со 1.5-литарскиот турбо-бензинец.

Поврзано:   Дамите го одбираат Women's Worldwide Car of the Year - ова се финалистите!

Освежениот T-Cross ќе пристигне во салоните на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.