Skoda подготвува шест нови електрични модели – Elroq пристигнува идната година како замена зa Karoq! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda подготвува шест нови електрични модели – Elroq пристигнува идната година како замена зa Karoq!

Skoda највува цела гама на целосно-електрични модели од кои најевтиниот ќе чини околу 25.000 Евра.

Чешиот производител најавува шест нови електрични возила во следниве неколку години – концептите за овие модели ги нарекуваат Small, Compact, Combi и Space а на нив ќе им се приклучат и освежените Enyaq и Enyaq Coupe.

Првиот ќе биде претставен веќе следната година – Compact моделот веќе е најавено дека ќе го носи името Elroq и ќе биде компактен кросовер кој ќе биде наследник на (или можеби ќе се продава покрај) Karoq. Од Skoda кажуваат дека токму Elroq ќе биде „идеалното семејно возило“ со „просторен и многу практичен ентериер“.

Понатаму ќе пристигне и Small кој е најавен за 2025. За Small кажуваат дека ќе биде суб-компактен автомобил но со стил на SUV. Овој автомобил би чинел од околу 25.000 Евра и очекуваме да биде многу сличен со фантастичниот нов Volkswagen ID.2all кој неодамна беше претставен.

Во 2025 ќе бидат претставени и освежените Enyaq и Enyaq Coupe. Според најавеното ќе добијат „темелна надградба“ која ќе воведе и нов дизајн. Сега за сега немаме дополнителни информации.

Особено ни се интересни новите Combi и Space модели. Combi е најавено дека ќе биде електричен караван кој ќе биде безмалку 5 метри долг, додека Space ќе биде голем SUV со 7 седишта кој ќе биде директно инсприран од Vision 7S концептот кој Skoda ни го покажа минатата година. Не би биле изненадени ако токму Combi и Space се електричните верзии на новите Superb и Kodiaq за кои зборувавме вчера.

Сите нови модели ќе го користат новиот Modern Solid дизајнерски јазик на чешкиот бренд. Од Skoda ветуваат дека дизајнот ќе биде минималистички и функционален и дека ќе пренесува чувство на безбедност и цврстина. Многу внимание ќе биде посветено и на аеродинамиката со цел да се подобрат автономијата и ефикасноста на електричните возила.

Поврзано:   ТЕСТ: Škoda Enyaq Coupé 85 Sportline - Добро-позната, но сосем поинаква Škoda!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.