Утринска Гимнастика: Новиот Lamborghini Revuelto во движење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Lamborghini Revuelto во движење

Новиот Revuelto поставува нови стандарди за италијанскиот производител – па да го започнеме денот со видео токму за новиот плаг-ин хибриден суперавтомобил!

Иако Revuelto е плаг-ин хибриден суперавтомобил, Lamborghini сепак не се откажува од врескачкиот атмосферски V12. Новиот 6.5-литарски V12 ја носи ознаката L545 и е директна еволуција на моторот кој се вградуваше во Aventador. Оваа, најнова генерација испорачува 825 коњски сили и 725 Nm вртежен момент, но ги испорачува (преку нов 8-брзински менувач со двојна спојка) само кон задните тркала.

Но кога ќе го земеме целиот хибриден систем предвид, Revuelto располага со скоро неверојатни 1015 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 2.5 секунди, до 200 километри на час помалку од 7 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 350 километри на час. Не е лошо за автомобил кој тежи 1772 килограми.

И како изгледа (и звучи) сето тоа? Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.