ПРЕМИЕРА: McLaren 750S е најлесниот и најмоќниот сериски автомобил во историјата на британскиот бренд – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: McLaren 750S е најлесниот и најмоќниот сериски автомобил во историјата на британскиот бренд

Стратегијата на McLaren да ги подобрува постоечките модели и да ги надградува да бидат уште помоќни и полесни е вистинската – кажете му добредојде на 750S!

Да, новиот 750S е базиран врз 720S – моторот и понатаму е 4-литарски твин-турбо V8, основата и понатаму е карбонска, суспензијата и понатаму е базирана на супер-напредна хидраулика. Но сето тоа е надградено и унапредено за да се извлече вистинскиот потенцијал и да се демонстрира во 750S.

Средно-поставениот 4-литарски твин-турбо V8 кој и понатаму ја носи ознаката M840T. Додадени се полесни клипови (од 765LT) и зголемен е притисокот на турбополначот. Сето тоа резултира со моќни 750 коњски сили (и оттаму и името, нели) и 800 Nm вртежен момент. Со ова, 750S е помоќен и од P1, а тоа го нправи најмоќниот продукциски McLaren.

Перформанси? Со „гас до даска“ 750S забрзува до 100 километри на час за безмалку неверојатни 2.8 секунди, додека максималната брзина е 332 километри на час. Но уште поимпресивни се меѓузабрзувањата – 200 километри на час пристигнуваат за само 7.2 секунди (односно 7.3 секунди доколку го одберете 750S Spider) а четвртина милја се поминува за 10.1 секунда (односно 10.3 секунди кај 750S Spider).

Секако, голем удел во овие перформанси има и намалената тежина. Карбонските седишта се полесни за 17.5 килограми, а има и „супер-лесни“ седишта кои се полесни за дополнителни 33%. Од McLaren напоменуваат дека дури и кластерот со инструменти е полесен, како и ветробранското стакло. Полесни се и тркалата – кованите тркала се полени за одлични 13.8 килограми.

Купето тежи смо 1281 килограм (без течности), а 750S Spider со неговиот подвижен цврст кров тежи само 1326 килограми. Нарачките се веќе отворени, а цените започнуваат од околу 300.000 Евра.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.