Францускиот бренд Peugeot во соработка со издавачот YellowKorner и пет врвни светски фотографи откриваат што всушност значи Allure.
Лаички преведено, Allure значи Привлечност. Но вистината е дека кај Peugeot тој збор има многу подлабоко и многу поважно значење. Peugeot е убеден дека светот е подобар со Allure. Тоа значи дека иднината мора да се замисли со стил, креативност и амбиција. Привлечноста или Allure, е клучот за позиционирањето на брендот Peugeot – сега и во иднина. Овој концепт на Allure е многу повеќе од израз на извонреден дизајн. Тоа е, исто така, состојба на умот, став и однесување што оди многу подалеку од обичен изглед.
Засилени од оваа амбиција, Peugeot сака да ја промовира оваа оптимистичка визија и да стане вистински „Allure activist“.
- EMOTION: Фотографите ќе ја искористат моќта на фотографиите за да го постават моментот на Allure во самиот центар.
- ALLURE: Peugeot сака да ја сподели својата оптимистичка визија за иднината со тоа што ќе стане „Allure activist“
- EXCELLENCE: Peugeot соработува со YellowKorner, водечки издавач на уметнички фотографии
Токму во оваа насока, Peugeot изминативе неколку седмици веќе соработува со „креатори од новата генерација“ и им понуди на врвни талентирани фотографи да ја откријат својата визија за Allure. Соработката ќе се одвива преку YellowKorner – водечки светски издавач на уметнички фотографии. Избрани се пет фотографи кои ќе започнат сопствена потрага по Allure и секој од нив ќе создаде серија од 15 фотографии и на три од овие фотографии ќе биде прикажан модел на Peugeot – по избор на уметникот, секако.
- Teresa Freitas: „Наоѓајќи ја привлечноста (Allure) во боите“ во Мароко
- Laurent Baheux: „Привлечноста (Allure) на лавот“во Кенија
- Mister Fifou: „Гордоста на привлечноста (Allure)“ во предградијата на Париз
- Laurence Laborie: „Женска привлечност (Allure)“ во Lanzarote
- Oliviero Toscani: „Пејзажот на привлечноста (Allure)“ во Тоскана
Работата на овие фотографи ќе биде објавена во Октомври 2023 на веб-страница на YellowKorner, но и ќе биде прикажана во галериите на YellowKorner пред одбрана публика. Секако, фотографиите ќе бидат изложени и во мрежата на Peugeot.